Рускоска „уништена“ од сопствениот сведок, избега од новинарите

Неочекуван тек на настаните на денешното Судење за настаните на 27 април, предизвика сведокот предложен од Јавното Обвинителство Антонио Кочков.



Иако повикан да сведочи во корист на обвинителството а против обвинетите Кочков со своите сведочења целосно ги урна тврдењата на Рускоска дека ВМРО-ДПМНЕ ги организирало протестите на 27 април.

Доброупатени во правосудниот систем и судењето за 27 април тврдат по ослободувањето на Игор Дурловски со сведочењето на Кочков кој ја поби една од клучните тези во обвинението ова е најголемиот удар за обвинителката Рускоска во случајот.

Во текот на испрашувањето обвинителката упорно инсистирала Кочков да каже дека ВМРО-ДПМНЕ е организатор на протестите за 27 април, нешто што Кочков сведочејќи под заклетва категорично го одбил, тврдат очевидци на судењето.

Кочков кажал дека знае за јавната поддршка на ВМРО-ДПМНЕ на протестите, потенцирајќи дека и лично тој како човек ги поддржувал и редовно ги посетувал но не и дека партијата била организатор.

За да ја расчисти позицијата на Русковска еден од судиите на денешното судење побарал сведокот Кочков како заклучок да направи уште еднаш јасна динстинкција дали ВМРО-ДПМНЕ поддржувало или организирало протести, на што сведокот јасно кажал дека партијата поддржувала, но не ги организирала.

Обвинителката Вилма Рускоска видно нервозна од неуспехот во судницата по завршетокот на рочиштето набрзина ја напуштила зградата без да даде никаква изјава.

Ако се суди од претходните судења кога Рускоска ја користеше секоја прилика за изјава, обвинителката денеска ги избегнала камерите затоа што станала свесна дека дури и со своите предложени сведоци не може да ја заврши задачата што и е дадена.

А колку Русковска сака медиумско внимание потврди и Боки 13 кој сведочејќи за предметот Рекет кажа дека таа нарачувала телевизиски екипи да снимаат кога повикува луѓе кои не и се допаѓале на разговори во Обвинителството.