Првата снимка што ја донесе Милошоски, како и оваа вчера, се дадени на вештачење. Така што, го чекаме наодот на вештачењата. Обвинителката Вилма Русковска вели дека снимките што ги добила од Антонио Милошоски се дадени на вештачење, а го замолила да обезбеди и сведоци кои би ги поткрепиче снимките кои според Милошоски се индиции за злоупотреба на службената должност на екс-премиерот Зоран Заев.
„Исто
така, Милошоски го замолив доколку може, нормално, да обезбеди некои
сведоци кои би го поткрепиле тоа што е на снимката, и на едната и на
другата“, рече Русковска.




