Руските вакцини за МВР, АРМ, царина, вработени во ЈСП…

Со донацијата од 20.000 вакцини „Спутник В“ од Србија, ќе се вакцинираат вработени во МВР, делот од Армијата, судовите, обвинителството, патарините, царина, возачите во јавниот транспорт, новинарите, односно сите оние што се во голем ризик и се во поголема возрасна категорија, соопшти министерот Венко Филипче.



„Вакцинацијата ќе се врши во салата „Борис Трајковски“ во Скопје, каде има 48 позиции и се планира дневно да се вакцинираат по 5 илјади лица. Масовната вакцинација со „АстраЗенека“ за лица над 77 години почна вчера во земјава, и вчера беа вакцинирани 730 граѓани“, рече министерот.