Говорејќи за долго најавуванат украинска пролетна контраофанзива, претседателот Володимир Зеленски им порача на руските сили дека „сè уште имаат време да заминат, во спротивно ќе бидат уништени“.



Зеленски рече дека не може да даде конкретни детали за претстојната контраофанзива, „бидејќи не можеме да им дадеме можност на терористите од Руската Федерација да се подготват за нашите методи и чекори кон деокупација“, пишува „Киев Индипендент“.

Дискусиите за контраофанзивата траат со месеци, а Зеленски на 25 март рече дека таа била одбиена поради недостиг на оружје, вклучувајќи тешка опрема и борбени авиони.

Во меѓувреме, Словачка и Полска испратија борбени авиони во Украина: Словачка префрли четири од вкупно 13 МиГ-29 на 23 март, а Полска ја испорача првата серија авиони на 3 април.