РУСКИТЕ прорежимски медиуми ги пренесуваат изјавите на хрватскиот претседател Зоран Милановиќ за Украина, војната, Европската унија.
„Украина не е сојузник, но тие се обидуваат да ја направат еден од нив. Смешно е што ѝ се статус на кандидат за членство во ЕУ. Страшен штос вели Милановиќ кој потсетува колку „кутрата Босна и Херцеговина мораше да чека, страшно понижување. Ова е Европската унија, катастрофа“, ја поренесуваат изјавата на Милановиќ РТ и ТАСС.
Тие наведуваат дека Милановиќ смета дека конфликтот во Украина бил неизбежен.
„Целата западна и американска филозофија на војна е да се нападне некој многу послаб и да се пие неговата крв, да се тепа, да се уништи неговата земја. Русија и САД намерно влегоа во овој конфликт. Ова е американска војна што се води на грбот на Украинците, но со американски пари“, изјавил Милановиќ, пишува ТАСС.
Агенцијата пишува дека „Милановиќ ја констатирал катастрофалната состојба на борбената готовност на Хрватска и посочил дека Хрватска е принудена да и го даде оружјето на Украина“.
„А кој ќе не брани? Американците? Како што ја бранат Украина? Загрижен сум за борбената готовност на пешадијата во случај на криза, бидејќи пешадијата е сè“, рече Милановиќ, пишува ТАСС. (Индекс.хр)







