Руските доктори не го даваат Навални


Руските лекари велат дека Алексеј Навални, кој вчера беше примен во болница во тешка состојба поради сомнително труење, не е во состојба да биде преместен од болница во сибирскиот град Томск.

Александар Мураховски, главен лекар изјави дека состојбата на Навални е малку подобрена, но дека сè уште е нестабилна.

Според него, обидот да биде префрлен во болница во Германија може да претставува ризик за неговиот живот.



Портпаролот на Навални, Кира Јармиш, ја нарече одлуката „директна закана за неговиот живот“.

Германската канцеларка Ангела Меркел вчера изјави дека Германија е подготвена да му пружи медицинска помош на Навални, доколку добие барање да го стори тоа.

„Ако тие побараат, ние ќе обезбедиме медицинска помош, вклучително и во германските болници, но мора прво да добиеме барање“, рече Меркел.

„Билд“ исто така објави дека болница во Берлин е подготвена да го лекува Навални.