Патријархот московски и на цела Русија, Кирил, заедно со Поглаварот на Албанската афтокефална православна црква, Анастас Јанулатос, денеска чиноначалствуваа со литургијата во соборниот храм “Воскресение Христово” во Тирана, во сослужение на свештеници од двете цркви.
„Се надевам дека со помош на Бога, мојата посета ќе отвори ново поглавје во односите меѓу нашите и сите братски православни цркви“, – порача патријарх Кирил. Рускиот великодостојник утре ќе има официјални средби со претседателот Илир Мета и премиерот Еди Рама.
Рускиот патријарх во почетокот на март беше во официјална посета на Бугарија.





