
Руски воен транспортен авион со заштитни маски и медицинска опрема слета на аеродромот „Џон Ф. Кенеди“ во екот на епидемијата на коронавирус.
Американскиот претседател Доналд Трамп, во обид да го ублажи недостигот од респиратори и опрема за лична заштита, ја прифати понудата на Путин во телефонски повик во понеделникот, јавува Ројтерс.
Рускиот воен транспортер слетал во Њујорк, во вчера вечерта по локално време.
Обично, пишува Ројтерс, Соединетите држави донираат наместо да прифаќаат.
Испораката, која Москва ја нарече помош, ги оживеа критиките од демократите дека Трамп е премногу пријатен со рускиот лидер.
„Трамп со благодарност ја прифати оваа хуманитарна помош“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во изјавата на новинската агенција Интерфакс во вторникот.





