На руски војник денеска треба да му се суди за наводното убиство на невооружен украински цивил – првиот случај за воени злосторства што е сослушан од почетокот на руската инвазија, јавува Гардијан
Наредникот Вадим Шишимарин е обвинет дека пукал во глава на 62-годишен маж преку отворен прозорец на автомобилот во североисточното село Чупахивка.
Тој се соочува со доживотен затвор според украинскиот кривичен закон, кој се занимава со законите и обичаите на војната.
Канцеларијата на главниот украински обвинител, Ирина Венедиктова, соопшти дека истражува повеќе од 10.700 потенцијални воени злосторства во кои се вклучени повеќе од 600 осомничени, вклучително и руски војници и владини претставници.






