Повеќе од сто случаи на сексуални напади се регистрирани во Украина од почетокот на војната, но олд ОН велат дека оваа бројка не е ни приближно реална бидејќи многу сексуални напади не се ни пријавени.
Претставничката на ОН, Прамила Патен, рече дека жени биле притворени со денови и дека руските војници силувале момчиња и мажи и им ги осакатувале гениталиите.
Жените сведочат за војници кои се снабдуваат со вијагра, па Патен верува дека тоа е јасен знак на руската стратегија. Таа работи во единица за сексуално насилство во области зафатени од војна и зборуваше за ужасните детали од воените злосторства во Украина.
Пред неа, друг претставник на ОН рече дека руски војници земаат вијагра за да силуваат Украинки. Веста ја пренесе Business Insider.
„Тоа е тактика да се обезличи жртвата, тоа може да се види од сведочењето на жените кои поминале низ тоа. ОН потврдија повеќе од сто случаи на сексуални напади во Украина откако Русија ја нападна таа земја во февруари оваа година“, вели тој.







