Руски воен пилот со хеликоптер пребега во Украина

Руски пилот пребегнал во украинската армија минатиот месец и откри детали за прекугранична операција во неговиот борбен хеликоптер Ми8.



Во интервјуто објавено од Украинската разузнавачка служба за одбрана се наведува дека пилотот Максим Кузминов, како што го именуваа украинските власти, објаснил како го планирал своето бегство и зошто го направил тоа.

„Контактирав со претставници на украинската разузнавачка служба, ја објаснив мојата ситуација и тие ми ја понудија оваа опција: „Ја гарантираме вашата безбедност, нови документи, паричен надоместок и награда“, откри пилотот во видеото објавено од украинската разузнавачка служба

Шефот на Украинската разузнавачка служба, Кирило Буданов, обелодени дека минатиот месец, украинските власти му помогнале на пилотот да пребега од руски во украински редови.

„Создадовме услови за целото негово семејство да можеме незабележано да ги извлечеме од Русија . Со него имало уште две лица, значи во хеликоптерот за време на борбената мисија имало тричлена екипа. Двајца од нив кога виделе каде слетале, се обиделе да побегнат но за жал, биле ликвидирани од украинските спецјалци откри Буданов.

Пилотот открил и како изгледала акцијата за пребегнување. „Во текот на еден од рутинските летови сфатив дека сум блиску до границата и си помислив „ајде да пробам, не сум толку далеку“. А кога ја донесов конечната одлука, летав ниско и никој воопшто не примети какви ми се намерите, изјавил пребегнатиот руски пилот.

Тој откри дека потоа слетал во Украина каде што го пречекале украински официјални лица.

Си-Ен-Ен. наведува дека околностите во кои го дава интервјуто пребеганиот пилот се нејасни но дека пилотот очигледно зборува слободно, и по своја воља.

Од друга страна пак на еден неофицијален руски Телеграм канал, се демантираат наводигте на Си- Ен- Ен и се тврди дека наводно хеликоптерот Ми-8 полетал за Украина и по грешка слетал во централниот регион на Полтава. Од таму се тврди дека пилотот бил киднапиран а не дека пребегнал од Русија.

Шефот на украинската разуанвачка служба Буданов изјави дека ова е прв случај на дезертерство на руски пилот во редовите на украинската армија, но се надева дека таа бројка ќе се зголеми. Во интервјуто пилотот се ги коментираше и дезинформациите што ги шират руските медиуми кои известуваат за инвазијата во Украина.

„Вистината е дека овде нема нацисти или фашисти. Вистинска штета е ова што се случува. Убиства , солзи, крв. Луѓето едноставно се убиваат едни со други. Не сакам да бидам дел од тоа“, изјави пребегнатиот руски пилот.

Пилотот, исто така, ги повика другите Руси во војската да пребегаат во Украина. „Ќе бидете згрижени до крајот на животот. Ќе ви биде понудена работа насекаде, без разлика што правите. Едноставно ќе ја откриете убавата страна на светот изјави тој.