Без ниту еднаш да ја спомне додавката „Северна“, рускиот портал за туризам „Путешествуј“ ја претставува Македонија како земја на Александар Македонски.



„Самото име на оваа земја – Македонија – зборува за величественоста и за габаритот на државата. Пред неколку илјади години, големиот император Александар Македонски остави свој белег овде за навек и тој остана во историјата засекогаш. Сегашна Македонија е интересна за странците по својата живописна и таинствена природа, по чистите и богати со жив свет езера, одморалиштата со плажи, како и по древната култура“, пишува сајтот во својот профил на Македонија како привлечна туристичка дестинација за Русите, насловен „Патувајте во Македонија – турнеја во земјата на Александар Македонски“.