Руски пратеник: Русија, застани до Србија, нема шанси, но…

Русија треба да застане во одбрана на правата на Србија и да понуди услуги за посредување, изјави за Спутник Олег Морозов, пратеник во Државната дума од „Единствена Русија“.



„Русија, се разбира, треба да и ги понуди на Србија своите услуги за посредување и да ги брани нејзините права! Но, нема многу шанси за успех! Но, тие ќе бидат значително повисоки по нашата воена и политичка победа во Украина“, рече тој.

Морозов истакна дека колективниот Запад е заинтересиран за зачувување на Косово.

„Колективниот Запад е витално заинтересиран да го зачува Косово како антисрпска база. Ова е исто така изворот на конфликтот“, прецизира тој.

Освен тоа, според парламентарецот, „ревизијата“ на правилата на светскиот поредок ќе придонесе за решавање на конфликтот во Косово.

„Косовскиот преседан мора да се „третира“ со ревидирање на сите правила на современиот светски поредок“, додаде тој.

Ситуацијата на северот на Косово ескалира по апсењето на поранешниот припадник на косовската полиција Дејан Пантиќ.

Северот на Косово и Метохија е блокиран и од граѓаните и од полицијата. Србите протестираат, а училиштата на северот денеска нема да работат. Косовската полиција забрани минување и на возила и на пешаци на административните премини Јариње и Брњак.

Припадниците на Росу, целосно вооружени и со оклопни возила, упаднаа на големата брана на езерото Газиводе. Тие го бркале работникот што го затекнале надвор од објектот и ги искинале и исекле српските знамиња што се таму.