Рускиот олигарх Алишер Усманов, шестиот најбогат олигарх во Руската Федерација, поднесе жалба против одлуката на ЕУ да воведе остри санкции како одговор на руската инвазија на Украина, пишува Блумберг
Toj поднел жалба до Европскиот суд на правдата на 29-ти април и побарал Судот да ги суспендира санкциите. Се очекува судскиот совет да донесе конечна одлука за случајот.
Неговиот случај е дел од се поголемиот број жалби до судот во Луксембург, откако првиот круг санкции беше објавен во јавноста на 28-ми февруари.
Споровите околу санкциите на ЕУ може да траат со години и ретко завршуваат во корист на жалителите.
Поранешиот украински претседател Виктор Јанукович и неговиот син, на пример, се на листата на санкции на ЕУ од 2014 година…
Усманов е под санкции од САД, Велика Британија и ЕУ. Сопственик е на Металоинвест и Мегафон. Неговото богатство падна од 21,6 милијарди долари на 18,9 милијарди долари по воведувањето на санкциите.







