Главниот уредник на руската опозициска „Новаја Газета“, Дмитриј Муратов, го продаде Нобеловиот медал на аукција во аукциската куќа Херитиџ во САД за 103,5 милиони долари.
Новинарот ќе го донира целиот приход на Меѓународниот фонд на УНИЦЕФ за поддршка на децата бегалци од Украина и нивните семејства погодени од руската инвазија, објави Гардијан.
Купувачот на наградата одбра да остане анонимен.
Муратов ја доби Нобеловата награда за мир во 2021 година „за неговите напори да ја заштити слободата на говорот и изразувањето, што е основен услов за демократија и траен мир“.
Во март, Муратов објави дека ги суспендира онлајн публикациите и хартиениот формат на „Рускаја газета“ во Русија до крајот на интервенцијата во Украина.
Новото издание „Новаја Газета -Европа“ почна да се објавува во Латвија и во него работат руските новинари кои се најдоа во принудна емиграција откако Русија ја започна војната на 24 февруари.







