Рускиот митрополит Антониј, кој е директор на Одделот за меѓународни односи на Руската православна црква и викар на патријархот Кирил, денеска ќе ја посети Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА).



Информацијата за посетата на рускиот владика на Скопје за македонски медиуми ја потврдил митрополитот на Дебарско-кичевската епархија Тимотеј, но без детали за целта на посетата на миторполитот Антониј, кој според некои медиуми, ќе имал средба со поглаварот на МПЦ-ОА г.г Стефан.

Претходно дел од бугарските медиуми, повикувајќи се на црковни извори, пишуваа дека митрополитот Антониј доаѓа во Скопје да ги убедува македонските владици да не преговараат со Вселенската патријаршија и да бидат на линија со РПЦ, пренесува „Телма“.

Според истите извори, митрополитот Антониј во декември минатата година во Софија имал „тајна“ средба со бугарскиот патријарх Неофит по која, како што посочуваат, Синдот на БПЦ одлучи да го признае томосот на СПЦ за автокефалноста на МПЦ-ОА.