Рускиот космонаут Олег Кононенко денеска го собори светскиот рекорд за вкупно време поминато во вселената, надминувајќи го својот сонародник Генадиј Падалка, кој помина повеќе од 878 дена во орбитата, објави руската вселенска агенција Роскосмос.
На 5 јуни се очекува рускиот космонаут да помине вкупно 1.000 дена во вселената, а до крајот на септември треба да биде таму 1.110 дена.
„Летам во вселената за да го работам она што најмногу го сакам, а не за да поставувам рекорди“, изјави Кононенко за руската новинска агенција ТАСС од Меѓународната вселенска станица (ISS), на околу 423 километри над Земјата.






