Сателитски снимки покажуваат руски конвој кој се протега на десетици километри и полека напредува кон главниот град на Украина.
Според украинскиот Генералштаб, Москва ги прегрупирала своите сили за да го нападне Киев и другите поголеми градови.
Врз основа на сателитските снимки од компанијата „Максар“, се проценува дека колоната е долга околу 64 километри.
На помалку од 32 километри северно од границата на Белорусија со Украина, се стационирани дополнителни копнени сили и хеликоптери.
Конвојот опрема пред Киев „се протега од областа околу аеродромот Антонов (околу 25 километри од центарот на Киев) соопшти компанијата. Аеродромот Антонов е место на жестоки судири од почетокот на руската инвазија на Украина. Војниците на Путин се обидуваат да ја преземат оваа стратешка инфраструктура, која би помогнала во борбите во Киев.
Генералштабот на украинската армија соопшти дека руските сили се прегрупирале во изминатите 24 часа, собирајќи оклопни возила и артилерија, „главно за да го опколат и да ја преземат контролата врз Киев и другите големи украински градови“.
Москва се подготвува да изврши нов масивен воен напад врз Киев, дознава АФП.







