По одлуката на унгарските власти да дозволат употреба на руската вакцина „Спутник V“ против коронавирус, не значи дека таа ќе м,оже да користи на територијата на ЕУ, изјави портпаролот на Европската комисија.
Европската унија претпочита сите вакцини што им се нудат на европските граѓани да бидат одобрени од Европската агенција за лекови.
Во итни случаи, одделни земји можат да одобрат употреба на вакцина на нивна територија и да им ја дистрибуираат на своите граѓани.
На 13 ноември, рускиот министер за индустрија Денис Мантуров разговараше со унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто за производство на руската вакцина во Унгарија, каде што веќе започнаа подготовките за производствени капацитети.
Сијарто рече дека малите серии на руската вакцина Спутник V ќе бидат доставени во земјата во декември, а поголеми количини може да се очекуваат во јануари. БГНЕС





