Руската инвазија на Украина ги крена цените на нафтата и гасот

Цената на нафтата скокна над 100 долари за барел за прв пат од 2014 година, европските ,,фјучерси” за природен гас скокнаа за 31 отсто.



Азиските берзи со пад реагираат на почетокот на нападот на Русија врз Украина, продолжувајќи ги превирањата на пазарот во САД и Европа, кои беа поттикнати од стравот од напад од целосен обем.

Јапонскиот Никеи 225 беше намален за нешто повеќе од 2,1 отсто до раните попладневни часови. Во Хонг Конг, индексот Ханг Сенг падна за 3,1 отсто, додека композитниот индекс Коспи во Јужна Кореја падна за 2,7 отсто.

Цената на суровата нафта од типот Брент, која е глобален репер за цената на нафтата, порасна за повеќе од 6 отсто на речиси 103 долари за барел.

Доколку Русија ја продолжи инвазијата на Украина се очекува понатамошен раст на цените на нафтата и гасот.

Германија вчера го суспендира проектот ,,Северен тек 2″, кој треба да носи руски гас во Европа а рускиот екс претседател Медведев веднаш најави огромно зголемување на цената на гасот на европските пазари каде Русија е доминантен извозник.