Првиот вицепремиер Артан Груби синоќа во гостување на ТВ21 дека причината зошто доцни изградбата на автопатот Скопје-Блаце е тоа што компанијата што го добила тендерот за надзор на автопатот е поврзана со руската држава и со банки од Русија.
„Тендерот беше објавен, две компании се пријавија, една беше хрватска компанија, а другата американска, но таа не ја поднесе соодветната документација и беше диксвалификувана, па остана само хрватската фирма.
Во периодот во кој требаше да ја приложи банкарската гаранција, компанијата не успеа да обезбеди 2,7 милиони евра за банкарска гаранција, за да ги почне преговорите со „Бехтел“.
Кога проверивме, откривме дека хрватската компанија е во руска сопственост. Во нејзиниот одбор на директори седат Руси кои се поврзани со државата Русија. Тие ги имале сите средства во руска банка и не успеале да ги префрлат“, рече Груби.
Според Груби, добро што излегло вака, на наредниот тендер оваа компанија нема да има право да учествува. Според него, сега се очекува во средината на ноември да започне се ако се оди според планот.
Ова беше објаснување на Првиот Заменик на Претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби зошто не започнала изградбата во месец август како што рече лидерот Ахмети во истото студио, потсетува ТВ21.
Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) минатиот месец го поништи тендерот за избор на компанија што ќе врши надзор на автопатите од Коридорот 8 и Коридорот 10-Д, кои треба да ги гради американско-турскиот конзорциум „Бехтел-Енка“ потсетува Слободен печат







