Руска новинарка вчера беше осудена на шест години во казнена колонија бидејќи ги обвини руските воздухопловни сили за бомбардирање на театар во украинскиот град Мариупол минатиот април, каде што биле засолнети жени и деца.
Окружниот суд во сибирскиот град Барнаул и забрани на Марија Пономаренко пет години да работи како новинарка, се вели во соопштението на судската служба.
Државното обвинителство побарало казна затвор од девет години, пренесува Ал Џезира.
„Патриотизмот е љубов кон татковината, а љубовта кон татковината не треба да се изразува со поттикнување криминал… Напаѓањето на соседот е кривично дело“, рече Пономаренко пред изрекувањето на пресудата, според Русњуз, каде што работи.
„Ако е војна – тогаш наречете ја војна… Ова е државно злосторство против армијата – тоа е како да плукате по гробовите на ветераните“, рече таа во судницата.
Регионалниот академски драмски театар Донецк во Мариупол беше уништен во воздушен напад утрото на 16 март 2022 година.
Се користел како прибежиште за цивили за време на руската опсада на градот.
Украинските власти соопштија дека најмалку 300 луѓе биле убиени во театарот.






