Руска делегација чека преговори со Украинците – во Белорусија

Руска делегација веќе пристигнала во Белорусија за преговори со претставници на Украина, соопшти Дмитриј Песков, портпарол на рускиот претседател Владимир Путин.



„Во согласност со постигнатиот договор, руска делегација составена од претставници на Министерството за надворешни работи, Министерството за одбрана и други агенции, вклучувајќи ја и претседателската администрација, пристигна во Белорусија на разговори со Украинците“, рече тој.

Пред два дена украинскиот претседател Володимир Зеленски го одби Минск како место каде би се воделе преговорите и ја предложи Варшава, но изјави дека руската страна не може да поставува услови.