Руската амбасада во Хрватска за Индекс.хр го коментираше синоќешното паѓање на дрон во Загреб, за што, како наведува , се информирале од медиумите.



„…експерти сега вршат истражување за оваа ситуација, така што сите прашања за инцидентот мора да се упатат до овие експерти и до Амбасадата на Украина во Хрватска. бидејќи дронот е произведен на територијата на Украина.

Руските сили немаат такви беспилотни летала во својот арсенал од 1991 година.

Односно, од распадот на Советскиот Сојуз.

Предлагаме да ги прашате одговорните хрватски власти како и на кој начин можел слободно да лета низ територијата на соседните земји“ се вели во соопштението.