Амбасада на Руска федерација во Македонија на својот профил на „Твитер“ го честита Денот на македонската револуционерна борба.
„Честит #23Октомври – Денот на Македонската револуционерна борба! Денес им оддаваме почит на сите што го дадоа својот живот за слобода и независност на #Македонија“, твитна амбасадата.
Амбасадорот Сергеј Баздникин положи цвеќе и се поклони пред споменикот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во скопскиот Градски парк.





