Амбасада на Руска Федерација во Македонија преку својот профил на Твитер упати честитка за Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј, под која реагираа македонски твитерџии.

Дел од реакциите:
„Многу сте јаки, еј! Словенската култура и писменост исчезнува во местата каде првпат се создаде и востанови. Невиден притисок во последните 100 години врз словенојазичното население во источна Албанија, западна #Македонија, Косово, Егејска Македонија, Тракија.. Важно Сибир е ваш“;
„Или по ново од #Северен протекторат. Е Русијо братска земјо, какво време дојде, Македонија Вас писменост, Вие нејзе #Северен протекторат“;
„Да не заборавиме…#Охрид… во #МАКЕДОНИЈА! #НикогашСеверна#NeverNorth
„Руската култура потекнува од франкештајнот #Северна?!? Не е баш за фалење #Русија. И покрај силните #Путин и #ФСБ во #Русија, тие ДОЗВОЛИЈА местото од каде доаѓа нивната писменост и култура и религија да го ровари и понижи #DeepState и најново – да насади нова џамија“.





