Руска Амбасада до македонското МНР: Законски си ги браниме границите

Амбасада на Руска Федерација одговори на објавата на Твитер од Министерство за надворешни работи на Македонија дека го поддржува територијалниот интегритет и суверенитетот на Украина по инцидентот во теснецот Керч.



„Толку многу лаги деновиве… Русија законски си ги чува своите граници и ќе продолжи да го прави тоа во иднина. Ова треба да му биде јасно секому“, се вели во одговорот на руското дипломатско претставништво во Скопје.