Амбасада на Руска Федерација во Македонија преку својот профил на Твитер се придружи на чествувањето на 74-годишнината од ослободувањето на Скопје од фашистичките окупатори во Втора светска војна.
„Антифашизмот и непокорот се втемелени во македонската државност. Со венец пред споменикот на ослободителите на #Скопје денес им оддадовме почит на сите борци кои го дадоа својот живот за слобода на #Македонија“, твитна амбасадата на Русија.
Во чест на денот на ослободувањето на македонскиот главен град 13 ноември беше положено свежо цвеќе пред споменикот на ослободителите на Скопје до зградата на Владата на Македонија.




