Режисерот и писател Александар Русјаков ги коментира најавените санкции и од Македонија кон Турција поради потрагата по природен гас во слободната економска зона (ЕЕЗ) на Кипар.
„Ѝ акнавме санкции на Турција. Сега ќе ја оправаме Венецуела. Тоа ти е кога ќе влезеш во НАТО и ќе добиеш датум без датум за ЕУ. Проблем е што во светот нешто друго се случува, ама ние ќе сфатиме откако ќе заврши. Битно, да ископаме ние ров околу полската болница што ја урна снегот и може спремни да ја дочекаме Првата светска војна која ќе почне на почетокот од минатиот век“, објави Русјаков на Фејсбук.





