Русјаков за две можни сценарија: Се изедовме

Александар Русјаков во колумна за Нова Македонија анализира кои се логичните патиштата по кои може се движи земјата.



“Гога победи во вториот круг. Добивме жена претседател. Октроираната власт доживеа колапс. Секако дека го погазија дадениот збор. Алчни, неспособни и деструктивни одбиваат да распишат предвремени избори. Си продолжуваат по старо. Тендери, задолжувања, терор врз неистомисленици. Во меѓувреме глобалистите доживеаја гаден пораз од суверенистите на парламентарните избори во ЕУ. ВМРО-ДПМНЕ го користи овој период, работи на терен, зацврстува позиција. Движењето БОЈКОТИРАМ се ребрендира во политичка партија со цврста национална агенда. Нашето иселеништво се обединува.

Создава влада во егзил на Република Македонија. Вака етаблирани започнуваат да вршат притисок на сите можни нивоа насекаде низ светот. Доаѓаат избори. СДСМ доживува пасокизација. Целосен дебакл. И го заслужија тоа поради сите велепредавства. Сега власта е во рацете на ВМРО-ДПМНЕ, партијата на поранешното движење БОЈКОТИРАМ, Алијансата на Албанците. Започнува вистинска соработка помеѓу државата и иселеништвото. Стартува судски процес пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг. Затоа што беше поништена референдумската волја на граѓаните. Беше создадено двотретинско мнозинство на криминален начин по пат на уцени, закани и амнестии. Потпишан е договор со кој се погазени сите уставни одредби. Затоа судот во Хаг го поништува Преспанскиот договор. Паралелно кај нас се спроведува целосна реформа во судството. Уставниот суд ги укинува сите антиуставни договори. Особено Преспанскиот. Република Македонија е повторно жива. Внесен е амандман во Уставот. Никој повеќе под надворешен притисок и уцена не може да ги промени името и идентитетот. Потоа продолжуваат да работат за оправање на државата.

Телефонот ме разбуди од убавите соништа. Погледнувам низ прозорецот. Надвор Стево врти сиртаки. Среќен е. Победил на избори. ВМРО-ДПМНЕ си ја мава главата затоа што не биле доволно јасни пред народот околу своите ставови. БОЈКОТИРАМ претура бројки од шупливо во празно за да пресмета како се случил цензусот и пишти… на Фејсбук. Иселеништвото, како и ние тука, продолжува разединето да си тера некаква битка со ветерници. Повторно, како илјадапати досега, победи антимакедонската кауза. Вака некако ќе биде како што стојат работите на терен..

Се изедовме меѓу себе….”, пишува Русјаков.

Целата колумна на овој линк