Писателот и режисер Александар Русјаков во свој стил ја коментира актуелната ситуација во Македонија.
„Важно не сте ФИРОМ. И нема екстерно. А и НАСА еве кај е, само што не почнале пристапни преговори за Марс. Порано имавме АСНОМ, сега 500 евра плата минимум. И не заборавајте, ЕУ дава 250.000 евра дневно за вас. Таму здравството е бесплатно, само уште да му дадеме 60 пратеници на Заев за да може да нè научи како се практикува квантен скок на три метри кубни литри квадратни. И додека Груевски скапува во банана држава како Унгарија, еве кај е јуни/јули, а плажите во Грција се на дофат од раката. Ние како северноцрпнати сме Скандинавија за нив. Во меѓувреме слушајте го она старо интервју на Катица Јанева на МРТ, ама наопаку, ќе чуете невидена пророчка елоквентност за тоа каква среќа не очекува како северноцрпнати граѓани од 2035 па натаму. Со почит, ваш Данил Хармс!“, напиша Русјаков на својот профил на Фејсбук.





