Русјаков со статус на денот за исечените цреши

Сечењето на 14 црешови дрвја на улицата „Максим Горки“ во Скопје предизвика огромен бран реакции, од кои се издвојува таа на режисерот и писател Александар Русјаков на Фејсбук.



„А можевте само да ставите табли со натпис дека јапонските цреши припаѓаат на хеленистичкото културно наследство“, вели тој во статусот на денот.

Во конкуренција за објава на денот на Фејсбук во врска со истата тема беа и оперскиот пејач Игор Дурловски, и охриѓанецот Иљче Затаракоски.

„What a FacT!
Јапонски цреши не виреат во Македонија“, напиша Дурловски.

„Да беа европски цреши да се буните, ама за јапонски…“, е коментарот на Затаракоски.