Русјаков: ЕУтаназија на здравиот разум на секое поле од битисувањето

Писателот и режисер Александар Русјаков на својот профил на Фејсбук одговара „зошто глупа багра што себе се нарекува ‘авангарда’ се радува кога Собранието преку поткуп и уцени ја поништува мнозинската волја на народот изразена на референдум“.



„Си пишуваш цел ден сценарио за игран филм, градиш карактери, тераш заплети, па онака уморен си велиш ај да видам што има во матните води на социјалните мрежи. Кога таму:
1. Градоначалникот на Дебарца претепал фудбалски судија.
2. Вработен во Министерство за правда учествувал во силување на девојче.
3. Советниците на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ не изгласале финансиска помош за болно девојче, туку за обештетување на кафеани.
4. И најпотпросечно неинтелигентен човек знае дека ‘не треба да се отвора Пандорина кутија’, само Заев мисли дека ‘не треба да се шири Пандорина кутија’.
5. Рангелова открила дека партијата ѝ е изолирана, ама дури сега, во опозиција и под обвинение.
6. Шеќеринска ни кажува дека, ако ги откриеле уставните амандмани со кои ќе вршат идентитетски геноцид врз Македонците, немале да добијат двотретинско мнозинство.
7. Орданоски и Мијалков станале први другари.
8. Обвинителство ќе го гони Претседателот затоа што овој се дрзнал да почитува Устав.

И така ти станува јасно зошто глупа багра што себе се нарекува ‘авангарда’ се радува кога Собранието преку поткуп и уцени ја поништува мнозинската волја на народот изразена на референдум..
ЕУтаназија на здравиот разум на секое поле од битисувањето“, констатира Русјаков.