Русите „виновни“ за смртта на 50.000 делфини во Црното Море!?

Странски експерти го истражуваат еколошкиот геноцид (екоцид) извршен од руските окупатори биудејќи за време на целосна војна против Украина, биле убиени над 50.000 водни цицачи, тврди украинската UNIAN.



Научниците од црноморските земји регистрираа најмасовна смрт на морски цицачи во последните десет години. Според прелиминарните податоци, повеќе од 50.000 се убиени од почетокот на војната во Украина.

Нивната смрт се припишува на руските бомбардирања и ракетни напади.

По секој ракетен напад или бомбардирање, брановите носат мртви цицачи на брегот. Иста е ситуацијата и во Романија и Бугарија, објави Њуз.бг.