Русите убиле украински тајкун

Украинскиот претседател Володимир Зеленски му оддаде почит на Олекси Вадатурски, сопственик на една од најголемите земјоделски компании во земјата, кој утрово бил убиен во руското гранатирање на Миколаев.



Вадатурски, основачот и сопственик на компанијата Нибулон, заедно со неговата сопруга Раиса, е убиен утрово во неговиот дом како последица на руско гранатирање, изјави гувернерот на Миколаев, Виталиј Ким.

Зеленски ја опиша смртта на Вадатурски како „голема загуба за цела Украина“. Тој додаде дека Вадатурски бил „клучен во изградбата на модерен пазар за жито, вклучувајќи мрежа од терминали и лифтови“.

Три лица се ранети во нападот на Миколаив, изјави градоначалникот Олександар Сенкиевич, додавајќи дека 12 ракети погодиле домови и образовни институции.