Руските падобранци уништиле баталјон од украински вооружени формации, кој беше опремен со македонски и словенечки тенкови.



Провладината РИА новости објави видео од наводно уништените тенкови

Според провладината агенција, една од десантните единици на руската армија целосно го уништи првиот механизиран баталјон на 28-та посебна механизирана бригада на украинската армија, заедно со тенковите Т-72 кои беа доставени на Украина во програмата за воена помош од земјите на НАТО.

Словенија и подари на Украина 28 борбени тенкови од советско производство, а за возврат доби воена опрема од Германија, вклучително и 40 камиони.

Македонија и донираше тенкови на Украина на крајот на јули, иако не беше прецизирано за колкав број станува збор.