Русите упатија последен повик до украинските борци во градот Северодоњецк да се предадат.
Министерството за одбрана на Русија ги повика украинските војници во Северодоњецк да го положат оружјето и утре да се предадат, пренесува „Си-Ен-Ен“.
„Ги повикуваме властите во Киев да покажат внимателност и да дадат соодветни упатства на милитантите да го запрат бесмислениот отпор и да се повлечат од територијата на фабрикара Азот“, стои во соопштението.
Руската војска објави дека утре ќе воспостави хуманитарен коридор за евакуација на цивили кои се заробени во хемиската фабрика Азот во опколениот град Северодоњецк, јави „Би-Би-Си“. Притоа се додава дека цивилите ќе ги однесат во сепаратистичкиот регион Луганск.
„Жестоката битка за Северодоњецк ќе остане запаметена како една од најбруталните борби кои Европа некогаш ги видела, а за која Украина плаќа застрашувачка цена“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Извештаите покажуваат дека околу 70% од градот Северодоњецк сега е под руска контрола. Војната започна на 24 февруари и уште трае.





