Утринава руски сили истрелаа ракети врз цивилен конвој автомобили и комбиња во близина на градот Запорожје, соопшти Олександр Стријук, украински гувернер на областа Запорожје.
Станува збор за конвој цивили кои со автомобил тргнале да ги земат своите роднини од територијата под руска окупација. Украинците тврдат дека најмалку 23 цивили загинале, а 28 се ранети.
Сведок на Ројтерс видел 12 тела, од кои четири во автомобили, и рече дека проектилот направил кратер во земјата во близина на два реда возила на автосалонот.
На снимките објавени на социјалните мрежи се гледаат вознемирувачки сцени со мртви и ранети како лежат на патот.

На една снимка направена од блиската зграда, се слуша женски глас кој низ солзи вели: „Таму лежат мртви луѓе“.

„Непријателот нападна цивилен конвој во предградијата. Луѓето беа во конвој кој требаше да се упати кон окупираната територија за да ги земе роднините и да достави помош. Има мртви и ранети, а итната помош е на терен, објави Стријук на Телеграм.







