Москва ги информирала САД дека почнува со годишните нуклеарни вежби и дека од утре во тоа се вклучува лансирање на нуклеарни проектили, соопшти американската влада, јаби Ројтерс.
Според новиот СТАРТ договор, Русија е должна однапред да извести за таквите лансирања на проектили.
„САД се известени и како што претходно истакнавме, ова е рутинска годишна вежба на Русија“, објави генерал Патрик Рајдер, портпарол на Военото воздухопловство, на брифинг со новинарите.
Русија претходно пред Советот за безбедност на ОН изнесе обвинувања дека Украина се подготвува да употреби „валкана бомба“ на сопствена територија, но западните и украинските политичари и функционери одлучно го отфрлија тврдењето како дезинформација и изговор за ескалација на војна.






