„Сè уште не го достигнавме врвот на епидемијата во светот и кај нас. Затоа решив да ги продолжам неработните денови до крајот на месецот, односно до 30 април “, соопшти претседателот на Русија во обраќање до нацијата, а пренесе агенцијата „Тасс“.
Тој посочи дека работниците ќе бидат исплатени наредните денови.
„И покрај сите напори, властите не се во состојба да ја подобрат ситуацијата во врска со коронавирусот во Москва“, рече Путин.
„Имаме голема, многу голема земја, со различна густина на населението“, истакна рускиот претседател, додавајќи дека има региони каде што коронавирусот е веќе сериозна закана за луѓето, како што е во Москва каде и покрај сите напори, властите не можат да ја подобрат ситуацијата.





