Американската кошаркарска ѕвезда Бритни Гринер беше ослободена во размена на затвореници на САД со Русија и сега е во американски притвор, јави Ројтерс.



Претседателот Џо Бајден и потпретседателката Камала Харис телефонски разговарале со Гринер.

Таа е разменета за поранешниот трговец со оружје, Виктор Бут.

Бритни Гринер беше осудена на 9 години затвор за поседување и трговија со дрога. Таа беше испратена во казнена колонија во Москва.

Виктор Бут, еден од најбараните трговци со оружје познат како „трговец на смртта“, беше уапсен во 2012 година и осуден на 25 години затвор.