Три руски ракети погодиле станбена зона во пристанишниот украински град Одеса и предизвикале жртви, пренесoa медиуми.



Максим Марченко, гувернер на областа, тврди дека ракетите биле истрелани од анектираниот од Москва полуостров Крим.

Тој предупреди дека Русите „ќе зажалат за секое лансирање ракети и секој напад извршен врз Украина“. И претходно имаше напади во Одеса, но овој град помина полесно од другите украински градови.

Исто така вчера, украинската војска соопшти дека нејзината противвоздушна одбрана спречила напад врз критичната инфраструктура во градот.

Благодарение на навремената и ефективна реакција на силите за противвоздушна одбрана, проектилите не ги погодија целите насочени кон непријателот.