Русинот Карасев ќе го суди историскиот дуел Германија – Македонија во Дуизбург

Сергеј Карасев од Русија ќе биде главен судија на првиот натпревар воопшто меѓу фудбалските репрезентации на Македонија и на Германија утревечер од 20:45 часот на „МСВ-арената“ во Дуизбург од квалификациите за Светското првенство 2022 во Катар, објави УЕФА.



На Карасев ќе му помагаат сонародниците Игор Демешко и Максим Гаврилин, а четврти судија ќе биде Владимир Москалев.

Избраниците на селекторот Игор Ангеловски денеска заминуваат за Германија по триумфот над Лихтенштајн од 5:0 во Скопје и поразот од 3:2 против Романија во Букурешт на стартот.

Меѓу нив нема да биде Илија Несторовски, кого Ангеловски реши да го изостави по пцостите во камера по постигнувањето на последниот гол против аутсајдерот во групата од пенал.

Германците во неделата ја совладаа Романија со 1:0 на гости, а три дена претходно славеа дома со 3:0 против Исланд.