Рускиот претседател Владимир Путин во саботата започна стратешки вежби и ги следи вежбите од ситуациониот центар во Москва, заедно со белорускиот лидер Александар Лукашенко.
Вежбите вклучуваат и нуклеарно и ненуклеарно оружје, а се одржуваат во услови на ескалација во источна Украина и продолжување на тензиите со НАТО, јави RT.
Руското Министерство за одбрана соопшти пред маневрите дека тие ќе вклучуваат „лансирање балистички и крстаречки ракети“.
Воздухопловните сили треба да учествуваат заедно со северната и црноморската флота на земјата.
Интерконтинентална балистичка ракета РС-24 Јарс е лансирана од космодромот Плесецк во северозападна Русија, за да погоди цел на полуостровот Камчатка на Далечниот исток на земјата, одале.ено 5.700 километри.
Подморница со нуклеарен погон истрела балистичка ракета од Баренцовото Море на Арктикот, а цел беше и полигонот Камчатка.
Бродови и подморници од руската северна и црноморска флота истрелаа крстосувачки ракети Калибр.
Беше лансирана и хиперсонична крстосувачка ракета Циркон, едно од најновите оружја во земјата дизајнирани да уништуваат големи носачи на авиони и други големи непријателски бродови.






