Конфликтот во Украина е во подем, а вклученоста на НАТО во него расте, им кажа утринава на новинарите портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.

„До сега гледаме дека (конфликтот) се развива во нагорна спирала. Гледаме растечка недиректна, а понекогаш и директна вклученост на земјите од НАТО во овој конфликт. Слушаме изјави кои укажуваат на апсолутна доминација на политичката волја и континуиран пораст на овој ангажман“, кажа Песков одговарајќи на прашањето дали може да се каже дека е помината уште една точка на ескалацијата на конфликтот.
Портпаролот на Кремљ истакна дека западните земји „се во заблуда за можноста дека Украина има каков-таков успех на бојното поле“. Според Песков, тоа е драматична заблуда и Западот ќе зажали за тоа.





