Русија оценува дека мировните преговори не се доволно напреднати за средба меѓу двајцата лидери, пренесува Ројтерс. Москва посочува и дека нејзиниот став за статусот на Крим и Донбас не е променет.
„Нацрт-договорот не е подготвен за самит“, соопшти рускиот главен преговарач Владимир Медински за Телеграм.
„Повторувам повторно и повторно: позицијата на Русија за Крим и Донбас останува НЕПРОМЕНЕТА“, додаде тој.
Само еден ден претходно, Дејвид Арахамија, член на мировниот тим на Украина, рече дека руската страна сигнализирала дека средбата меѓу двајцата претседатели, Владимир Путин и Владимир Зеленски, може да се одржи наскоро.
Арахамија, исто така, истакна дека Русија ја прифатила севкупната позиција на Украина, освен нејзиниот дел во врска со Крим.
Местото на следната рунда разговори најверојатно ќе биде во Турција.







