Русија: За педофили „повратници“ доживотен затвор

Доживотен затвор за педофилите кои се веќе судени за насилство врз малолетници, како и за прво насилство врз две или повеќе лица помлади од 18 години, предвидува предлог-законот што беше усвоен едногласно во трето читање од Државната дума на Русија, пренесува ТАСС.



Предвидено е максималната казна да биде изречена за повеќекратни дела на сексуално насилство врз малолетници.

Доживотни казни се предвидени и за лица кои за вакво дело првпат се гонети, а жртви им се две или повеќе, како и во случаи кога делото е придружено со друго тешко или особено тешко кривично дело.