Руски борбен авион за малку ќе соборел британски извидувачки авион на 29 септември минатата година, пишува американскиот весник „Вашингтон пост“.
Според објавениот американски воен документ, инцидентот бил позначаен отколку што беше претходно обелоденето и можел да ги вовлече САД и нивните сојузници во НАТО во војната во Украина.
Британскиот министер за одбрана Бен Валас изјави пред Долниот дом во октомври дека два руски борбени авиона Су-27 пресретнале РЦ-135 во меѓународниот воздушен простор над Црното Море при „невнимателен прелет“, при што еден авион се приближил на 15 метри од британскиот.
Еден од руските авиони „истрелал проектил“, но Валас тогаш не им кажал на пратениците дека инцидентот бил блиску до соборување, објаснувајќи го лансирањето на ракетата како „технички дефект“.
Во еден од десетиците протечени тајни документи на Пентагон (случајот веќе го истражува Министерството за правда), инцидентот се нарекува „речиси соборен британски RJ“ („Rivet Joint“ – извидувачки авион РЦ-135).






