
Вооружените сили на Руската Федерација уништија голем подземен склад за проектили и авијациска муниција на украинските војници во селото Дељатин, Ивано-Франковска област, користејќи го авијацискиот ракетен систем „Кама“ со хиперсонични аеробалистички ракети.
Ова го соопшти официјалниот претставник на руското Министерство за одбрана, генерал-мајор Игор Конашенков, цитиран од ТАСС.
Руските вооружени сили уништија околу 200 беспилотни летала и повеќе од 1.400 тенкови и други оклопни возила од почетокот на воените дејствија во Украина, изјави генерал-мајорот.
Рускиот претседател Владимир Путин ја нарече ракетата Кинжал (Кама) „идеално оружје“ што лета со брзина 10 пати поголема од брзината на звукот и може да ги надмине системите за противвоздушна одбрана.






