Антивоената манекенка (27), која им помагала на украинските бегалци, била уапсена од безбедносната служба на Путин, ФСБ, „за загрозување на безбедноста на државата“, а приведена е и нејзината сестра.
Надежда Росинскаја е одведена на распит и е во притвор во Белгород, регион кој се граничи со Украина, во кој во последните месеци има неколку ракетни напади од Киев.
Приведена е и нејзината сестра Елена Егорова.






